Во Националата опера и балет синоќа беше отворено 3. издание на фестивалот Credence Dance. Фестивалот има тематска програма, Вечери на класичен балет и Вечери на современ танц и дополнителна програма – ќе се одржат работилници и трибини. На големата сцена на НОБ вечерва во 20 часот ќе се одржи Вечер на современ танц.
Годинашниот фестивал ќе понуди ексклузивни гости од Кина, САД, Италија, Франција, Германија, Велија Британија итн.
– Ова е исклучителна можност да се видат овие уметници на домашна сцена. Во рамки на фестивалот традиционално ќе биде врачена Наградата за трајни вредности во танцовата уметност. Влезот за сите претстави е слободен – велат организаторите.
На програмата се фрагменти од бисерите на класичното наследство „Лебедово езеро“, „Рајмонда,Копелија“, „Дон Кихот“, „Силфида“ и други.
Во делот на модерниот и современиот танц премиерно ќе бидат изведени дела на Игор Киров, Бојан Мицов, Џонс Хинг, Франциско Руиз и Јована Петровска кои наменски ги подготвија за фестивалот кој ќе трае до 21 јуни.





