Почина Вал Килмер, една од иконите на филмските екрани од 80-те години, објави „Њујорк тајмс“. Имаше 65 години.
Килмер беше познат по улогите во хит филмови, вклучувајќи ги „Топ ган“, „Дорс“, „Бетмен засекогаш“ и „Жештина“. Килмер повеќе од една деценија се бореше со рак на грлото. Според неговата ќерка Мерцедес Килмер, починал од пневмонија.





