„Филмот ни даде повеќе нам, отколку ние него. Ни даде сè. Работејќи и патувајќи низ светот, запознавме луѓе за кои не сме можеле ни да замислиме. Кога би бирал пак во животов, пак би работел во филмот“… Друштвото на филмските работници на Македонија се прости со истакнатиот македонски продуцент Панче (Панта) Мижимаков (1946-2025).
Бил продуцент и менаџер на продукција на филмовите: „Среќна Нова ‘49“, „Преку езерото“, „Џипси меџик“, „Миротворец“, „Татко (Колнати сме Ирина)“, „Најдолгиот пат“, „Исправи се Делфина“, „Црвениот коњ“, „Тајната книга“ и многу други значајни филмски остварувања.
Студирал на Академијата за театар, филм, радио и ТВ во Белград. Често работел на копродукциите и странските продукции кои се реализираат во Македонија и Југославија. Во „Вардар филм“ соработувал на поголем број играни, документарни и кратки филмови. Од 1991 е еден од основачите и директор на приватната продукциска куќа „Пегаз“, со којашто има реализирано неколку филмски проекти.





