Друштвото на ликовните уметници на Македонија доби свој објект за да се удоми на улицата „Илинденска“ во Скопје. Објектот им е доделен на уметници со одлука на Владата.
– Ова е историски момент за ДЛУМ. По 75 години добивме сопствен простор со што трајно се реши деценискиот проблем на ДЛУМ – соопшти уметничката асоцијација.
За објектот ДЛУМ доставило барање до Министерството за култура како можност за трајно решение. По формирањето во 1946 година ДЛУМ ја вршеше својата дејнот во објелтот Поткале, па во Салонот во ГТЦ, во објект кај Железничка станица, па во Домот на АРМ.





