СЕМАФОР
Го попушташ радиото
зашто дизелот во соседната лента
станува погласен.
Понекогаш дизел-моторите
се славејчиња на општеството.
ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ
Има луѓе што секој ден во истото време
излегуваат да си го прошетаат кучето.
Има и луѓе што секој ден во истото време
излегуваат да си ја прошетаат колата.
А, има и луѓе што
– судба клета, или згоден изговор –
утринската фотелја пред телевизор
си ја нашле на возачкото седиште,
панорамски курдисани кон паркингот.





