„Чест и привилегија беше да ја споделиме магијата во нашата училница со нашиот гостин, претседателот Стево Пендаровски. Како човек и наставник, среќен сум што успеав да ја пренесам магијата на создавање мали и мили суштества во луѓе, во иднина за подобро утре. Среќен сум што денеска нашата училница зрачеше со радост и насмевки како кај децата, нас како домаќини, кај претседателот со неговиот тим“, вели Иле Михајловски, одделенски наставник во основното училиште „Кирил и Методиј“ во Свети Николе.

Посетата на Пендаровски беше во рамките на иницијативата „Лице в лице“.
– Разговаравме за неопходноста од сензибилизирање на општеството во однос на потребите на учениците со различен развоен процес. Честитки за неговиот безмалку тридецениски хуман пристап и значаен придонес во инклузијата на ученици со атипичен развој – напиша Пендаровски.


Фото: Кабинет на Претседателот Стево Пендаровски





