Отворени уписи за магистерски студии на Филозофскиот факултет

До 11 октомври е отворен уписот на втор циклус на студии на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Сите заинтересирани кандидати за магистерските програми може да се запишат на академската 2024/2025 година. Пријавувањето се врши електронски на: www.upisi.ukim.mk. Потребни се: пријавен лист за запишување, електронска пријава од iKnow системот, диплома или уверение за завршен прв циклус студии, куса биографија (CV), потврда за познавање на странски јазик и уплатница за административна такса од 50 денари. Ова се програмите што ги нуди факултетот:

– Практичка филозофија
– Теоретска филозофија
– Педагошки науки
– Менаџмент во образование
– Социологија
– Европски студии по интеграција
– Историја
– Историја на уметноста
– Класична филологија, византологија и микенологија
– Психологија
– Безбедност
– Корпоративна безбедност
– Безбедносен менаџмент
– Стратегиски и одбранбени студии
– Мир
– Социјална работа и социјална политика
– Младинска работа
– Меѓународни односи: Разрешување на конфликти, дипломатија и глобално управување
– Религиски студии
– Археологија
– Специјална едукација и рехабилитација – интелектуална попреченост
– Специјална едукација и рехабилитација – моторни нарушувања
– Специјална едукација и рехабилитација – оштетувања на видот
– Специјална едукација и рехабилитација – оштетувања на слухот
– Специјална едукација и рехабилитација – специфични тешкотии во учењето
– Специјална едукација и рехабилитација – инклузивно образование
– Специјална едукација и рехабилитација – асистивна технологија за лица со попреченост
– Специјална едукација и рехабилитација – рана интервенција
– Менаџмент на човечки ресурси во општествените дејности
– Родови студии

Сподели