Отворен конкурс за сценарија за хорор

„Драгон продукција“ објави конкурс за пишување сценарија фокусирани на хорор жанрот. Според пропозициите, трудивите задолжително треба да содржат елементи од словенската митологија и балканскиот фолклор. Сите видови хорор ќе бидат земени предвид. Сценаријата не треба да бидат подолги од 30 страници, а одбраните дела ќе бидат реализирани. Конкурсот е отворен во текот на целата година, а наградувањата ќе бидат два пати годишно.

– Целта е да се потикнат сите сценаристи, креативци и уметници да ја претстават својата уметничка слобода и инзворедност. Врз основа на нашите реални продукциски капацитети ќе обезбедиме контуинирано производство на формати што ја изразуваат реалната идентификација на гледачите со содржината и визуелниот наратив – велат од „Драгон продукција“.

Тиое се стремат преку играната продукција да понудат уметничко и визуелно доживување по стандардите на европските телевизиски продукции во однос на избор на сценарија, продукциски дизајн, реализација, актерска игра, постпродукција на слика и звук. Процесот на прегледување и евалуација на сценаријата може да потрае до шест недели.

Сценаријата и повеќе информации на е-мејл адресата: dragonproductionmkm@gmail.com.

Сподели