Отворање на ретроспективната изложба на Жанета Вангели

Во Чифте амам во Старата скопска чаршија вечерва во 20 часот ќе биде отворена ретроспективната изложба „Архив II, 1985 – 2025: Епифанија“ од Жанета Вангели. Изложбата ќе ја отвори директорот на Националната галерија на Македонија, Али Синани. Куратор на проектот е Маја Крстевска, виш кустос, а стручен соработник е кустосот Горанчо Ѓорѓиевски.

Жанета Вангели (Битола, 1963 година), дипломирала на Државниот факултет за ликовни уметности – Штеделшуле во Франкфурт во 1988 година. До 2008 година работи како независна уметница, кога станува професор на катедрата за сликарство и трансмедиумски практики на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Таа е активна на македонската ликовна сцена од средината на 1980-те до денес, навестувајќи ги тековите на уметноста со моќен, интуитивен, директен, продорен, семантички конципиран и длабоко конотиран авторски израз.

Повеќе на линкот.

Сподели