Во Музеј на град Скопје денеска во 14 часот ќе биде отворена изложбата „Слободата на медиумите низ фотографски објектив: моменти што зборуваат“. Ќе бидат претставени највпечатливите новинарски фотографии избрани преку јавниот конкурс објавен на веб-страницата на Здружението на новинарите на Македонија чија цел беше да се истакне моќта на фотографијата како сведоштво за влијателни моменти и објективно известување. На отворањето ќе бодат доделени и три награди за најдобра фотографија.
– Фоторепортерската професија игра клучна улога во современото новинарство, обезбедувајќи визуелни сведоштва за важни настани и приказни. Преку својата работа, фоторепортерите не само што информираат, туку и будат емоции, поттикнуваат на акција и придонесуваат кон зачувување на јавната меморија за идните генерации – велат од ЗНМ.





