Околу 1900 матуранти на „Матурска парада“

Денеска точно на пладне на плоштадот „Македонија“ ќе се одржи „Матурска парада“, на која ќе учествуваат 400 ученици од средни училишта од Скопје – Васил Антевски – Дрен, Владо Тасевски, Михајло Пупин, Раде Јовчевски – Корчагин, Здравко Цветковски, Димитар Влахов, Арсени Јовков, Браќа Миладиновци, Кочо Рацин, Шаип Јусуф, Георги Димитров, Панче Караѓозов, Јосип Броз Тито, МБУЦ Илија Николовски – Луј.

И во Гевгелија, Охрид и во Струга околу 1.500 матуранти ќе танцуваат заедно.

Организатор е Дирекцијата за култура и уметност на Скопје во соработка со ТСК „Ритам плус“, а покровител е Град Скопје. Настанот го поддржува Делагацијата на Европската Унија.

Во изминатите 14 години учествувале матуранти од стотина градови од Македонија, Словенија, Италија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Романија, Бугарија, Албанија, Украина, Унгарија и Австрија и вкупната бројка на учесници надминува 450.000 матуранти.

Покрај ова, во последните години составен дел на подготовките и на самата завршна манифестација е кажувањето на изјавата – „заклетва” за ненасилство од страна на учесниците во сите градови во земјите во кои се одржува „Матурската парада”, на тој начин не само што во исто време на иста музика во различни градови танцуваат младите, тие, генерациите кои ќе го градат светот во иднина, во исто време од различни делови на светот ја испраќаат пораката за ненасилство, мир и толеранција.

Сподели