Охридското и Преспанското Езеро се едни од оние магични места каде се собираат душите

Пишува: Наташа Атанасова

Таа е писателка која раскажува големи приказни, како мозаик сочинети од животните приказни на малите, обични луѓе. Онака како што таа пишува за Охридското Езеро, дека „тоа е едно од оние места на земјата што те тераат да се чувствуваш како нешто судбинско да те очекува“, истото чувство дека нешто „судбинско“ ме чека го имав летово при читањето на првите две извонредни книги од нејзината балканска тетралогија кои ги имаме во превод на македонски, „Граница“ и „Кон езерото“.

Капка Касабова деновиве е во Скопје, како член на жирито за Наградата за етички идеи на фестивалот „Македокс“. Имавме можност да ја слушнеме и на книжевната вечер организирана во нејзина чест од издавачката куќа „Или-или“.

Кога откри дека ти лежи документаристичката нефикциска проза?

– Со „Граница“ ја открив мојата форма. Пред „Граница“ имав напишано две нефикциски книги. Првата е „Улица без име“, еден автобиографски патoпис за Бугарија, за моето детство во времето на комунизмот и потоа. По неа напишав друга книга, „Дванаесет минути љубов“ за тангото како музика и како култура; десет години играв танго и толку бев вљубена во него што научив и шпански за да ги разберам зборовите од песните. Но, дури кога тргнав по патеката на „Граница“ ја открив мојата литературна форма, мојот глас и моите луѓе. Тоа сe луѓето на периферијата, кои се заборавени, а кои имаат што да раскажат. Во таа смисла, секоја следна книга по „Граница“ – „Кон Езерото“, „Еликсир“ и „Анима“, не беа планирани. Јас не планирав грандиозна четирилогија за Балканот. Тоа звучи многу епски. И навистина, тоа беше едно епско патување за мене – во времето, во историјата, во мене самата.

Прочитајте го целото интервју на БЛЕН.МК.

Сподели