Поради трагедијата во Кочани, манифестацијата Струшки вечери на поезијата ги одложи сите активности по повод одбележувањето на 21 Март, Денот на поезијата. Тие изразија сочувство до семејствата на загинатите млади луѓе.
– Нашите мисли се со семејствата и со блиските на загинатите и на повредените. Се надеваме дека времето ќе донесе заздравување и сила за сите нас – велат од СВП.
Секоја година на 21 Март, СВП ги соопштува добитниците на наградите „Златен венец“ и „Мостови на Струга“, а Светскиот ден на поезијата се одбележува со повеќе настани низ целата земја.





