Одбележување на Светскиот ден на уметноста во чаршијата

„Чаршијата: Галерија на занает и уметност“ е насловот на излошбата која денеска во 13 часот ќе биде отворена во Сули ан во Старата скопска чаршија. Изложбата ја организираат Europe House Скопје и Факултетот за ликовни уметности по повод Светскиот ден на уметноста.

– Светскиот ден на уметноста го одбележуваме славејќи ја креативноста и генијалноста на локалните уметници и занаетчии. Придружете ни се на прошетка низ дуќаните со стари традиции на изработување на шарен текстил, керамика, шапки и накит, а овој пат и придружени од уметничките дела на студентите од Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје – велат организаторите.

Според нив, чаршијата како галерија е концепт на кој треба да му се врати стариот сјај на нераскинливото проткајување на занаетчиството и уметноста.

– Контрастот е препознатлив белег за Скопје, па во таквиот дух ќе ја извеземе прошетката низ занаетчиските дуќани со стари традиционални занаети и уметнички поставки на младата современа критичка мисла – велат од Europe House Скопје и ФЛУ.

Сподели