На Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје денеска во 10 часот ќе почне одбележувањето на 5 Мај, Денот на македонскиот јазик и на 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик.
Присутните ќе ги поздрават Биљана Ангелова, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Елена Јованова-Грујовска, директорка на Институтот, Искра Пановска-Димкова, раководителка на Катедрата за македонски јазик при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Веселинка Лаброска од Институтот за македонски јазик.
Во придружната програма ќе настапи музичкото „Трио џентлмен“ со песните „Јовано, Јованке“ и „Тајно моја“. Потоа ќе рецитираат ученици од повеќе училишта од Скопје. Модератор на настанот е Елизабета Кузмановска.





