Објавен повикот за најдобра поема „Григор Прличев“

Центарот за култура „Григор Прличев“ од Охрид објави повик за избор на најдобра поема „Григор Прличев“ за 2023 година. Конкурсот трае до 28 ноември. Тематската содржина на поемата е од слободен карактер.

– Поемата не смее да биде помала од 912 стихови и секој педесетти стих треба да е нумериран. Делото треба да е напишано со големина на фонт минимум 11, испечатено еднострано на А4 формат во четири еднакви шифрирани примероци. На конкурсот еден автор може да пријави само едно дело, коавторски дела се неприфатливи. Конкурсот е анонимен, а за најдобрата поема предвидена е и парична награда – велат од Центарот.

За наградата ќе одлучува тричлено жири составено од реномирани автори од Македонија. Сите заинтересирани автори треба да испратат необјавена поема на адреса: НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид, ул. „Македонски просветители“ бр. 4, 6000 Охрид, со назнака „Пријава за избор на најдобра поема ,Григор Прличев’“.

Сподели