Министерството за култура го објави конкурсот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“. Со наградата се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност.
Наградата се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани. Конкурсот е отворен до 30 јуни. Повеќе информации на линкот.





