Нови Сад е прва „Европска културна престолнина“ од земја-кандидат за ЕУ

Со повеќе од 1.500 културни настани и гостување на 4.000 локални, национални и интернационални уметници, српскиот град Нови Сад е избран да биде Европска престолнина на културата за 2022 година. Организаторите најавуват дека повеќе од 1.700 уметници ќе бидат европски уметници. Србија ќе биде прва земја надвор од Европската Унија, односно земја-кандидат за членство во ЕУ што ќе има европска културна метропола.
Програмата на Европската престолнина на културата е насловена „За нови мостови, а беше промовирана во Градската концертна сала во Нови Сад, како и дел од истакнатите настани и учесници.
Меѓу учесниците е и „Бург театар“, еден од најпочитуваните театри во светот и на претстојниот „Калеидоскоп на културата 2022“ ќе гостува заедно со „Арс електроника“, познатиот европски центар за новомедиумска уметност, додека, пак, Катедрата за сценски дизајн на Факултетот за технички науки во Нови Сад ќе се здружи на „Калеидоскопот“ со Прашкото квадринале, најзначајната светска манифестација посветена на сценографијата, сценскиот дизајн, архитектурата и просторот во сценската уметност.
Во почетокот на годинава, локалните власти најавија дека да аплицираат за Скопје да стане европска престолнина на културата во 2028 година.

фото: јутјуб

Сподели