Нови броеви на списанијата „Стрип креатор“ и „Стрип алманах“

Неодамна од печат излегоа списанијата ,,Стрип креатор” бр.37 и 38 и ,,Стрип алманах” бр.8 во издание на Стрип центарот на Македонија – Велес. „Стрип креатор“ е единствена постојана стрип публикација кај нас која излегува од 2003 каде што доста македонски автори континуирано ги објавуваат своите стрип дела(доста од нив и дебитантски). Овде на македонски јазик се објавуваат подобрите странски но и домашни автори од традиционалниот мегународен стрип конкурс .

Во бројот 37 меѓу другите застапени стрип дела на: Марко Стојановиќ, Марко Николиќ од Србија, Никола Видацковиќ од Хрватска, Миодраг Бунијевац од Србија, Ведат Шабанаџовиќ од БИХ, Даниел Даниел од Романија, но и македонските автори: Дарко Богданов, Александар Стеванов, Кана Бутеска, Теодора Христова, Војдан Андонов и Александар Бараковски.

Во број 38 се застапени и: Милан Јовановиќ, Влада Алексиќ, Дражен Ковачевиќ, Аљоша Томиќ-Србија, Разван Бронеску-Романија , Маја Перак (Хрватска), Димитрис Аврамопулос (Грција), како и Александар Танчовски, Елена Апостоловска, Методија Стојановски и Александар Танчовски од Македонија.

Што се однесува до ревијата „Стрип алманах“ тоа е издание кадешто се застапени стрипови на македонски автори (и по некој од други земји) под сценарио на Ване Трајков и ги завршуваат за време на мегународната стрип колонија во Велес. Во број 8 се објавени дела нацртани од: Илко Стојановски,  Методија Стојановски, Славица Купенкова, Ѓургица Варела, Ана Марија Стефаноска, Ангела Петрушевска,Дарко Бојовски , Мартина Величковска како и гостинот Ивица Сретеновиќ од Србија.

Овие изданија на Македонскиот стрип центар ,како и сите претходни, во добар дел се делат на разни институции, фестивали и стрип и настани во нашата и други земји, но можат и да се набават преку следниот е маил: vanecomic@yahoo.com

Истите се финансирани преку Годишната програма за издаваштво на Министерството за култура и туризам.

Сподели