„Нокаут“ и „Дивље јагоде“ за Денот на македонските рудари во Радовиш

На 28 август, Радовиш ќе заживее во ритамот на големата музичка прослава по повод Денот на македонските рудари и Денот на градот Радовиш. Во организација на рудниците Бучим и Боров Дол, оваа година публиката ќе има можност да ужива во настапите на два големи регионални бендa – „Нокаут“ и „Дивље јагоде“, во вечер која ветува незаборавно музичко доживување.

Од 21 часот, сцената ќе ја запали македонскиот поп-рок бенд „Нокаут“, кој повеќе од две децении плени со своите емотивни балади и енергични хитови. Ќе се пеат од срце песни како Лебедот бел, За нас, Временска машина, Мене ми припаѓаш, Во бестрага, Кога ме сакаш ти, Еј би си, Илјада причини за крај…и многу други, создавајќи атмосфера која спојува неколку генерации.

Во 23 часот, рок легендите „Дивље јагоде“, бендот кој ја дефинираше “hard & heavy” сцената на Балканот, ќе ја преземат сцената со своите препознатливи рифови и безвременски песни како Мотори, Шејла, Не желиш крај, Једина моја, Криво је море, Ауто стоп, Кап по кап, Марија, Сарајево, ти и ја…  Влезот е слободен.

Сподели