Актерката Наташа Петровиќ ќе биде гостинка на програмата „Creative Talks“ вечерва во 19.30 часот во Europe House во Скопје. Петровиќ ќе зборува за своите искуства во театарот и на филмското платно, за Берлинскиот филмски фестивал, за работата за детската публика во Театарот за деца и младинци.
НАТАША ПЕТРОВИЌ: ХРАБАР Е ТОЈ ШТО ГО КРЕВА СВОЈОТ ГЛАС ПРОТИВ НЕПРАВДИТЕ
Наташа Петровиќ е една од најангажираните македонски актерки. Нејзина последна улога на големото платно беше таа на Кети во филмот „Хомо“ на Игор Иванов-Изи, а беше дел и од последната сезона на серијата „Преспав.“
„Creative Talks“ е серија на разговори посветени на развивање и ширење на креативноста. Бројот на гости на вечерашниот настан е ограничен.





