Наставничките Матилда Бајкова и Јасмина Лукановска добија Global Teacher Award во Њу Делхи

Наставничката Матилда Бајкова и Јасмина Лукановска, и двете од Скопје, ги освоија наградите Global Teacher што викендов беа доделени во Њу Делхи, Индија. Нашите наставнички беа дел од делегацијата на AnnЕx_Yu конференцијата што обединува наставници од поранешните ЈУ-земји. Освен од Македонија, тимот беше составен и од наставници од Србија и Босна и Херцеговина.

Матилда Бајкова

Матилда Бајкова е наставничка по македонски јазик во ОУ „Вера Циривири-Трена“, а Лукановска е наставничка во ОУРЦ „Златан Сремец“.

AnnEx_Yu е партнер на агенцијата AKS Education, што ги доделува наградите за наставници од цел свет.
Наградите им ги врачи нашиот амбасадор во Индија, Слободан Узунов.
Делегацијата ќе учествува и на студиско патување на кое ќе се посетат четири града во четири индиски држави, како дел од The Great India Education Tour.

Јасмина Лукановска

Манифестацијата Global Teacher Award е место каде што наставници, едукатори од цел свет ги споделуваат своите искуства, работат заеднички проекти се со цел да се подобри образованието и да се споделат позитивни практики глобално.

Сподели