Настан во НУБ во чест на Светскиот ден на книгата и авторското право

Националната и универзитетска библиотеката „Св. Климент Охридски“ – Скопје и оваа година традициoнално ќе го одбележи Светскиот ден на книгата и авторското право прогласен од УНЕСКО во 1995 година. Денеска во 13 часот во НУБ ќе се одржи пригоден настан. Овој датум се одбележува во целиот свет на 23 април, секоја година како симболичен датум во светската книжевност бидејќи токму овој ден е
поврзан со брилијантните личности на пишаниот збор како Мигуел де Сервантес, Вилијам Шекспир, Лопе Де Вега. Идејата се заснова на стариот каталонски обичај да се подари книга и роза.

Во 14:30 часот почесен гостин во библиотеката ќе биде г. Африм Гаши, претседател на Собранието, кој ќе ја отвори дискусијата на тема ,,Моќта на книгата”.

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје е вклучена во ова празнување уште од самиот почеток и е коoрдинатор на активностите низ државата. Македонската порака за настанот ја напиша проф. д-р Славица Велева, а на одбележувањето ќе биде прочитана и светската порака од г-ѓа Одре Азуле, генерален директор на УНЕСКО.

Настанот го поддржува Шпанската амбасада во Скопје.

Сподели