„Тоа што ми недостигаше, ми го додадоа браќата од Македонија“ рече во благодарната реч писателот Драго Јанчар кој ја доби наградата „Прозарт 2023“ на 11. Интернационален литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“. Ова е еден од најчитаните тектови на Умно.мк во изминатата година. Меѓу другото тој напиша:
„Драги преведувачи и пријатели, драги читатели на моите книги на македонски јазик. Можеби тие читатели не се многу, но поради нив овде се чувствувам како дома. Всушност, овие места и овдешните луѓе отсекогаш ми биле познати, уште од времето кога недалеку од овде поминав една година служејќи војска, во старото Станковиќе во Врање. И кога по неколку месечна вежба во касарната станав така таканаречен ,стар војник’, многупати во слободните недели од Врање се качував во автобус и одев до зелената тишина на средновековниот манастир Прохор Пчински, кој е исто така важен за поновата македонска историја. Или дури преку границите, кои никогаш не постоеле, па до Скопје. Таквите излети од касарната, секако не беа дозволени, но младиот човек, кој не ги сакаше забраните, го поттикнуваше љубопитноста: да види, да спознае каде го однел животот.“
Целото обраќање на линкот.





