Коментарот посветен на отсуството на државната поддршка на талентираните ученици кои лани имаа финансиски проблеми да заминат на меѓународни натпревари за да ја претстават Македонија е еден од најчитаните текстви на Умно.мк во 2024 година.
„Златните медали на младите таленти Дамјан Давков на Светската олимпијада по математика и на Јан Стојановски на Европската олимпијада по физика уште еднаш потврди колкав е научниот капацитет на подмладокот на Македонија. За жал, потврди и колку ниту една власт мува не ја лази за овие талентирани ученици. Вклучувајќи ја и актуелнава. Особено актуелнава.
2024 година испадна најтешка за талантираните ученици во Македонија и нивните семејства. Кој се надеваше дека со смената на власта ќе се трансформираат повеќе институции па ќе секне и скромната помош што ја добиваа од Агенцијата за млади и спорт. Министерството за образование и наука ги акредитира научните здруженија да ги подготвуваат учениците за светските натпревари, им овозможува парични награди на учениците ако освојат медали, ама нема решение како тие ќе стигнат со далечните земји за да освојат медали. Едноставно, Законот за средно образоваие не ја предвидува оваа ставка и непрофитните здруженија секоја година мака мачат да обезбедат пари за авиобилети. Па од универзитетски професори преку ноќ стануваат питачи, тропаат од врата до врата и бараат донации.
До лани претседателот Стево Пендарoвски редовно ги пречекуваше младите олимпијци и нивните ментори за да им даде поддршка. Таа завршуваше со фотографии масовно објавувани во медиумите, пофалби и тапкања по раме дека се најдобри. Секое чудо за три дена. Никогаш никој не потегна системски да се реши финансирањето на младите таленти.“
Целиот текст читајте го на линкот.





