НАЈЧИТАНИ ВО 2023: Донирајте! 600.000 денари ги делат математичарите-олимпијци од Јапонија

„Донирајте! 600.000 денари ги делат математичарите-олимпијци од Јапонија“ е текстот што им помогна на младите математичари од Македонија да стигнат на Интернационалната математичка олимпијада во Јапонија која се одржа од 2 до 13 јули. Сојузот на математичарите на Македонија (СММ) кои го организираат претставувањето на нашата земја на ИМО 2023 отвори можност за донации за да им се олесни товарот на учениците. Тие неколкупати досега постигнаа фантастични резултати и освоија многу медали на регионалните и светските натпревари. За овој натпревар треба сами да си ги платат авионските билети до Токио. Апелот го забележа ТИРЗ (Технолошко-индустриски развојни зони) кои ја обезбедија сумата. Ова е еден од најчитаните тектови на Умно.мк во 2023 година. Целиот текст на линкот.

Сподели