Во областа на културата и уметноста, наградата ја добија проф. м-р Роберт Јанкулоски, визуелен уметник и Блаже Миневски, писател.
Тимот за првата трансплантација на црн дроб кај нас, изведена на 25 ноември 2022 година, составен од проф. д-р Зоран Караџов, проф. д-р Светозар Антовиќ, доц. д-р Бети Тодоровска, прим. д-р Татјана Спировска и проф. д-р Маја Мојсова Мијовска, како и проф. д-р Африм Османи, универзитетски професор, ја добија наградата „23 Октомври“ за долгогодишни остварувања во областа на науката и образованието. Ова денеска го соопшти Министерството за култура, откако одборот за доделување на оваа награда ги избра лауреатите.
Наградата „23 Октомври“ во областа на културата и уметноста, им се доделува на проф. м-р Роберт Јанкулоски, визуелен уметник и Блаже Миневски, писател.
Наградите ќе им бидат врачени на 23 октомври во 12 во Собранието на РС Македонија.
Претседател на одборот за доделување на оваа награда е м-р Мими Ѓоргоска Илиевска.
Фото: Јутјуб/Сител ТВ





