25 училишта во Македонија ќе добијат соларни фотоволтаични системи, со што ќе ја подобрат енергетската ефикасност. Проектот ќе се реализира со грант од 1,1 милион евра од Банката за развој на Советот на Европа. Училиштата опфатени со проект претходно биле реконструирани со заем од Банката за развој, соопшти Министерството за образование и наука.
– Европскиот фонд за зелени општествени инвестиции, наменет за јакнење на инклузивните климатски мерки, ни овозможи да инвестираме во енергетска ефикасност на најмалку 25 училишта. Ефектот е двоен – правиме замена на енергија базирана на фосилни горива со чиста и обновлива енергија и истовремено имаме заштеди кај сметките за енергија – велат од МОН.





