„На отворено море“ во режија на Благој Мицевски премиерно изведена во Битола

Претставата „На отворено море“, според текстот на Славомир Мрожек, а во режија на Благој Мицевски беше премиерно изведена во саботата на сцената на Народниот театар во Битола. Драматург на претставата е Оливера Павловиќ, која во претставата отворено го поставува прашањето за тоа каде е човештвото денес!

Текстот на Мрожек датира од 1961 година.

– На истото море, кое премина во океан од настани за кои веќе нема коментар, нема критериум според кој ќе бидат верификувани, најмалку политички метод за утврдување на нивниот човечен карактер, односно достоинство дека се резултат на човечка култура и цивилизација. Нашата денешна животна реалност ја премина секоја апсурдност на драмските дејствија во пиесите на апсурдите – истакна Павловиќ.

Во претставата играат: Марјан Ѓоргиевски, Никола Пројчевски, Живко Борисовски, Васко Мавровски и Петар Спировски.

Сподели