Спомен-сoба – музеј на Македонското општинско радио „Радио Демир Хисар“ ќе биде отворена денеска во 12.30 часот во фоајето од северната страна на зградата на Домот на културата „Илинден“ во Демир Хисар. зачувување на историјата и културното наследство. Музејот е посветен на богатиот историјат на локалното радио, неговата улога во медиумскиот и културниот живот на Демир Хисар и регионот, како и на сите личности кои со својот труд и креативност го обликувале и развивале радиото низ годините.
Посетителите ќе имаат можност да разгледаат оригинални снимки, фотографии, документи и уреди од времето на формирањето на радиото до денес, како и да се запознаат со значајните моменти од неговото постоење. Настанот ќе биде збогатен со кратки обраќања од поранешни, радиски работници и локални културни активисти, кои ќе ја потенцираат улогата на Радио Демир Хисар како центар на културен и информативен живот во општината.





