Монодрамата „Кротка“ од вечерва во 20 часот повторно е на репертоарот на струмичкиот театар. Работена според истоимената новела на Достоевски, во режија на Дејан Ангелов, со музика на Ставро Ангелаков, а во изведба актерот Стојан Велков-Трн, претставата беше премиерно изведена кон крајот на 2019 година по што имаше неколку репризи.
Претставата е копродукција помеѓу Здружението за култура и развој на креативните индустрии „Култ – Транзен“ од Струмица и струмичкиот театар.
Актерот Стојан Велков-Трн за улогата во претставата е носител на наградата за најдобра машка улога на Интернационалниот фестивал на монодрамата во Корча, Албанија, во 2021 година.





