„Мојот маж“ на Драмски вечерва гостува во Белград

Со претставата „Мојот маж“, Драмскиот театар од Скопје вечерва во 20 часот ќе гостува на сцената на Београдско драмско позориште. Гостувањето е во рамките на Фестивалот РУТА. „Мојот маж“ е хит претстава работена според расказите на Румена Бужаровска, во режија на Нела Витошевиќ. Драматург е Викторија Рангелова – Петровска.

Улогите ги толкуваат: Игор Ангелов, Сања Арсовска, Сара Климоска, Исмет Шабановиќ, Наталија Теодосиевска, Филип Трајковиќ, Емилија Мицевска, Трајанка Илиева – Вели. Костимите се на Роза Трајчевска – Ристоска, сценографијата – на Костантин Трпеноски.

 

Сподели