На големата сцена во Македонскиот народен театар утре напладне ќе се одржи омаж на творештвото на големата актерка Катина Иванова.
– Ве покануваме да ѝ оддадеме почит на нашата драга Катина Иванова, големата актерка која повеќе од четири децении беше дел од Македонскиот народен театар. Низ видеа, фотографии и сведоштва ќе се присетиме на нејзините реализирани улоги, нејзината насмевка, топол сензибилитет и поддршка што ја даваше – велат од МНТ.
Иванова почина на 10 август годинава. Имаше 72 години.





