Театарската претстава за млади – „Чудо“ со текст и режија во режија на Хана Миленковска, ќе биде премиерно изведена на 10 февруари во 20 часот во Културниот центар „Јадро“ во Скопје. Претставата е во продукција на Koma design studio. Улогите ги толкуваат: Мартина Даниловска, Наум Ѓорѓиески, АнгелаПејковска, Димитар Паскоски. Музиката е на Ади Имери.
Целта на оваа претстава е да се занимава со актуелни проблеми на младите луѓе од овој геополитички контекст, врзани со род, социјален статус, недостаток на конструктивна поддршка од системот и родителите, како и неможност да се потпрат на никој освен на своите врсници за одредени прашања. Младите денес сѐ уште се соочуваат со недостаток на слух од образовниот систем, површно третирање на суштински проблеми, како врсничко насилство и родова и дискриминација по основа на сексуална ориентација. Покрај тоа, не постои формално сексуално образование, како и конзистентна и бесплатна поддршка за проблемите со менталното здравје кои за жал во ова доба се доста присутни, или веројатно поради доволно информации сме посвесни за нив сега од било кога.
Една од главните тези е дека сите сме ограничени од сопствените животни искуства и дека начинот на кој бараме и нудиме помош на околината зависи од тоа како ни се формирале тие концепти за време на развојот.
Оваа претстава има за цел да нè потсети сите на фактот дека сме заедница, при тоа поставувајќи гипрашањата кои нè спречуваат да се поврземе. Претставата е дел од кампањата „Биди чудо од девојка“, во рамки на проектот „Еднакви можности за девојките и младите жени во Северна Македонија“, кој го спроведуваат Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) и Мрежа Стела, со финансиска поддршка од Британската амбасада во Скопје.
Претставата е наменета за млади и бесплатни влезници можете да резервирате на следниот линк.





