На платото пред Офицерскиот дом во Битола денеска во 11 часот ќе се оддржи празникот на креативноста „Млада креативна Битола“. На манифестацијата ќе учествуваат ученици од основните и средни битолски училишта. Тое ќе се претстават со креативни презентации од областа на поезијата, прозата, ликовната уметност, музиката и бројни други креации создадени под менторство на нивните професори и наставници.





