Во октомври, месецот посветен на штедењето, Халкбанк ја подарува друштвената игра „Мистериите на Ѕвездалија“ за секоја новоотворена детска штедна книшка. Секој нов штеден депозит значи уште еден чекор кон поцврста финансиска иднина за вашето дете, а друштвената игра „Мистериите на Ѕвездалија“ ќе биде совршен поттик за вашето дете да започне да штеди на забавен и едукативен начин.
„Мистериите на Ѕвездалија“ – забава и дружење за целото семејство
„Мистериите на Ѕвездалија“ е интерактивна и забавна игра која ги води децата низ имагинарната планета Ѕвездалија. Децата, заедно со своите пријатели и семејството, на оваа мистична планета, ќе решаваат разни мистерии и ќе ги откриваат тајните на штедењето. Играчите ги следат ликовите од „Ѕвездалија“, како што се Марта, Денис, Ема и кучето Лаки додека ги поминуваат предизвиците за да научат различни вештини како стратегиско размислување, комуникација, логика и математика.
Развојот и визуелниот приказ на играта се работеа повеќе од една година и во нејзиното креирање беа вклучени професионалци од различни области, со цел таа да биде интересна, иновативна и да го задржи вниманието и концентрацијата на децата. Играта е внимателно осмислена за да ги поттикне најмладите на креативно размислување, но и да им понуди забава, дружење и директна интеракција со другарчињата. За целиот концепт и за визуелниот изглед на играта се погрижи креативниот тим на маркетинг агенцијата Ефектива, создавајќи уникатна и атрактивна приказна што ќе го направи играњето уште попривлечно за децата.
Штедење од мали нозе – основа за сигурна иднина
Учењето за штедење од најмала возраст им помага на децата да ги развијат своите финансиски вештини и да научат како да го планираат својот буџет. Кога децата ќе научат да штедат, тие ќе ја разберат важноста на парите, како и тоа дека со трпеливост и посветеност можат да ги остварат своите желби и соништа.

Но, знаеме дека децата најдобро учат преку игра и забава. Токму затоа, Халкбанк ја создаде играта „Мистериите на Ѕвездалија“. Оваа уникатна друштвена игра не само што е возбудлива авантура за вашите деца, туку и ќе ги научи важни лекции за парите, штедењето и одговорноста.
Дојдете во најблиската филијала на Халкбанк или кликнете на овој линк и брзо и лесно отворете штедна книшка за вашите најмили уште денеска. Вложувајте во нивната иднина, додека се забавуваат и учат со „Мистериите на Ѕвездалија“.
Слончето Халки и Халкбанк се долгогодишни партнери на децата и младите, постојано реализирајќи иницијативи за општествена одговорност кои се фокусираат на нивна едукација и развој на креативниот потенцијал. Во рамки на овие активности, досега се одржани над 100 работилници низ Македонија, со учество на илјадници деца кои добија можност да учат и да ги развиваат своите вештини преку интерактивни и забавни содржини.





