Францускиот математичар Мишел Талагран ја доби наградата „Абел“ за 2024 година

Францускиот математичар Мишел Талагран ја доби наградата „Абел“ за 2024 година за неговата работа во истражување на теоријата на веројатноста и екстремите на случајноста. Наградата која ја споредуваат со Нобеловата награда за математика била изненадување за Талагран.

– Мојот мозок сосема сопре за пет секунди. Тоа беше неверојатно искуство. Никогаш, ама баш никогаш не очекував такво нешто вели Талагран.

Во едно интервју Тaлагран изјавил:

Апсолутно е застрашувачко, што ако си го погледнам мојот живот и важните нешта што се случиле во него, се покажале дека се целосно непланирани.

Талагран кој работи во Францускиот национален центар за научни истражувања, поминал голем дел од својата четиридецениска кариера карактеризирајќи ги екстремите на случајните, или стохастични системи. Овие проблеми се вообичаени во реалниот свет, на пример, градителите на мостови можеби ќе треба да ја знаат можната максимална сила на ветерот што треба да ја очекуваат од локалното време.

Ваквите системи на случајност честопати можат да бидат исклучително сложени и да содржат многу случајни променливи, но со методите на Талагран, кои ги претвораат овие системи во геометриски проблеми, можат да се извлечат корисни вредности.

– Тој е мајстор во добивањето прецизни проценки и точно знаејќи што да додаде или одземе за да добие прецизни проценки – вели Хелге Холден, претседател на одборот за наградата „Абел“.

Целиот текст на линкот.

Насловна фотографија: Принтскрин

Сподели