Mеѓународната научна конференција „Крива Паланка и Кривопаланчеко во времето на отоманската империја ( XV-XIX век) ќе се одржи денеска и утре во општина Крива Паланка. Организатор на конференцијата е Градскиот музеј наКрива Паланка, со поддршка на Министерството за култура и општината.
Научната конференција е посветена на историјата, традицијата и културата на градот Крива Паланка и регионот на Кривопаланечко (Славиште) ,како и соседните региони во времето на владеењето на Отоманската Империја од XV до XIX век.
Истата има за цел да претстави нови стручни и научни моменти поврзани со административната, воена и цивилна управа на регионот Славиште / Кривопаланечко и соседните региони во овој историски период; формирањето на военото утврдување ЕГРИ ДЕРЕ; народностниот и етнички состав на населението во регионот; јазикот; верските традиции; стопанството и економијата; оружениот отпор и востанија; националната и духовна преродба и сл.
На конференцијата ќе земат учество реномирани истражувачи – отоманисти, како и историчари,историчари на уметност и етнолози од Македонија но и од нашите соседни држави: Бугарија, Србија, Турција и од Косово.
Финалните стручни текстови заедно со прилозите и визуелниот материјал ќе биде испечатен во стручното списание на Градски Музеј Крива Паланка „Славишки зборник “ бр. 4 кое согласно планирањата треба да биде испечатено до крајот на годината.





