Во тек е Меѓународен стрип конкурс на тема „Стрипот и историјата“, дел од двегодишен проект на „Креативна Европа“, а претставник од нашата земја е „Стрип центар на Македонија“ од Велес. Во проектот учествуваат пет земји. Конкурсот е отворен за уметници со најмалку 18 години. Секој апликант може да поднесе најмногу два стрипа најдоцна до 17 јули. Предвидени се награди: Гран при – 1000 евра (бруто износ), прва награда – 800 евра, втора награда – 500 евра и трета награда – 300 евра (сите во бруто износ). На петмина стрип-автори (по еден од секоја земја-партнер) ќе им бидат врачени спомен награди во вредност од 200 евра.
Проектот е насловен Comics Alliance Networking for Balkans и се одвива од 2021 до 2023 година. Финансиран е преку програмата „Креативна Европа“ од Европската извршна агенција за образование и култура (EACEA) – Брисел, како дел од повикот Консолидација на културната соработка и конкурентноста на културните и креативните индустрии во Западен Балкан (EACEA 39/2019). Освен македонскиот стрип центар, партнери во овој проект се: Белгиски стрип центар од Брисел, Национален историски музеј (НХМ) од Тирана, Здружение на љубители на стрипот и пишаниот збор „Никола Митровиќ Кокан“ од Лесковац и и Историски музеј на округот Брашов, Романија.
Стриповите треба да ја опфаќаат наведената тема, со опфат на секој историски период, од праисториско време и антика до современ период. Како лица во приказната можат да се изберат познати историски ликови или анонимни лица. Стриповите може да се фокусираат на херојски чинови, како и на традиции културни, економски, спортски или општествени настани. Повече инфопрмации на линкот.





