Меѓународен научен собир за јазикот во медиумите

„Јазикот во медиумите (состојби, предизвици, перспективи)“ е фокусот на Меѓународниот научен собир во рамките на традиционалната научна манифестација „Денови на Благоја Корубин“ што ќе се одржи на денеска и утре на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје.

Собирот почнува во 10 часот со поздравни обраќања и промоција на Зборник на трудови од Научниот собир „Јазикот во уметничката литература, едиција Јазикот наш денешен, кн. 35“. Промотор на делото е проф. д-р Лилјана Макаријоска.

Во двата работни дела ќе има интересни предавања на разни теми: Македонскиот јазик во медиумите, Односот на кодификаторите кон медиумите во нивното време, Јазикот на новите медиуми и медиумската лингвистика, Лексиката на социјалните мрежи, Дијалектите и социолектите во електронските медиуми, Скопскиот говор и сленг како атака врз стандардот во македонските аудио-визуелни медиуми, Сопствените имиња и нивната прагматика во печатените медиуми, Србизми во македонските мас-медиуми, Англизмите и турцизмите во комуникацијата на младите и многу други.

Сподели