Меѓународен балкански универзитет – можност за младите од различни култури да учат во современи услови

Меѓународниот балкански универзитет (International Balkan University) е место каде што се среќаваат многу култури. Студенти од повеќе од 20 земји, од кои повеќе од 60 отсто се од странство, а има и голем број студенти од Турција. Ако прошетате низ кампусoт, ќе слушнете различни јазици. Ние работиме на тоа овој универзитет да има идентитет каков што има Македонија – со различни култури, јазици – истакна проф. д-р Љутфи Сунар, ректор на International Balkan University во Скопје.

Покрај секојдневните предизвици за одржување на квалитетна настава, во 18-тата година од своето постоење, ИБУ се подготвува за два големи проекти. Во тек е процесот на создавање на лабораторија што ќе работи во рамките на Универзитетот, што би се била отворена во втората половина на март. Исто така, во тек се подготовките на иновациски центар што ќе се наоѓа на плоштадот Македонија.

– Идејата на овој центар е на едно место да ги собере истражувачите, студентите, но и тие што сакаат да инвестираат во науката. Македонија е земја се развива и ние сакаме да придонесеме во тоа – вели Сунар. Тој додава дека овој центар би бил отворен околу 15 април.

Сејхан Ибрахими, Љутфи Сунар и Снежана Билиќ

Интернетот, вештачката интелигенција покажуваат дека влегуваме во една друга ера, мора да се трансформираме и ние да сме во тек со светот, велат од ИБУ. Околу 1000 студенти студираат на нивниот кампус.

– Студентите што дипломираат кај нас се подготвени да работат веднаш. Во ерата во која се наоѓаме, најважната работа на една држава е да има солидно едуцирани луѓе. Големиот дел од студентите студираат со стипендии, а предност имаат студентите од Македонија и од Балканот. Најголем интерес владее за Правниот факултет и Стоматологија, но привлечни се и факултетите за психологија, архитектура, за арт и дизајн, економски… – вели ректорот.

Сподели