Мастер-клас: 7 ВИ бизнис идеи и како да дојдете до првиот клиент?

Седум ВИ бизнис идеи кои можете да ги започнете веднаш и како да дојдете до првиот клиент се фокус на онлајн мастер-класот што ќе се одржи утревечер во 20 часот. Учесниците ќе научат каков е бизнис моделот, како да ја валидираат идејата, колкава инвестиција е потребна за почеток, како да се стигне до првиот клиент? Мастерот ќе го држат Петар Ниновски, основач на „Бреинстер“, Вилијам Додевски и Александар Чамински. Настанот е бесплатен, но со ограничени места. Сите заинтересирани да се регистрираат на линкот.

Иницијатива е имплементирана во соработка на Здружението УМНО-Скопје и „Бреинстер“ во рамките на проектот за медиумска писменост Media Literacy Project YouThink, импелементиран од ИРЕКС, со поддршка од УСАИД.

Сподели