Двајца редовни, осум дописни, четири членови надвор од работниот состав и двајца почесни членови избра Македонската академија на науките и уметностите на 21. изборно собрание што се одржа вчера. За редовни се избрани дописните членови проф. д-р Изет Зеќири и проф. д-р Блажо Боев. За дописни членови се избрани проф. д-р Гордана Лажетиќ во Одделението за општествени науки, проф. д-р Мирко Тодоровски и проф. д-р Димитар Трајанов во Одделението за технички науки, проф. д-р Александар Узунов во Одделението за природно-математички и биотехнички науки, проф. Жарко Башески, проф. Невзат Бејтули, проф. д-р Драган Даутовски и проф. д-р Ивица (Иван) Џепаровски во Одделението за уметност.
За членови надвор од работниот состав се избрани проф. д-р Стојко Стојков од Одделението за општествени науки, проф. д-р Светлана Мојсов од Одделението за медицински науки, проф. д-р Гордан Караман од Одделението за природно-математички и биотехнички науки и проф. д-р Сибила Петлевски од Одделението за уметност.
За почесни членови на МАНУ се избрани проф. д-р Трајче Стафилов во Одделението за природно-математички и биотехнички науки и проф. д-р Владо Поповски во Одделението за општествени науки.





