„Малата Фрида“ – најдобра претстава на 4. фестивал „Игор Маџиров“

Претставата „Малата Фрида“ во режија на Аница Томиќ, а во изведба на Градскиот театар „Жар птица“ од Загреб, Хрватска го освои Гран прито на 4. издание на Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“ во Скопје. Оваа претстава беше прогласена за најдобра и од детско-младинското жири во состав: Бисера Мојаноска, Ведран Маричиќ, Уна Дона Силјановска, Теофрил Сачкарски, Саша Димитревска, Софија Петрушева и Јанис Далајоргос. Наградите беа врачени синоќа во Театарот за деца и младинци, по изведбата на претставата „Сино“ на театарот „Хоп сињор“ од Атина.

„Претставата е топла, духовита и со визуелно раскошна сценографија и костими, раскажува приказна за тешките денови на малата Фрида Кало, која им зборува на децата на јасен и ангажиран начин за различностите и прифаќањето“, стои во образложението на професионалното жири во состав: Игор Третињак, театролог од Хрватска, Изабела Новотни, актерка при Театарот за деца и младинци и Јулијана Мирчевска, актерка и претседателка на националниот центар АСИТЕЖ Македонија, доделија награди во повеќе категории.

Наградата за најдобра режија ја доби Давид Зуазола за претставата „Прозорецот“ во изведба на Театарот за деца и млади „Мерлин“ од Темишвар, Романија. Оваа претстава ги понесе и специјалните награди за музика за Лазар Новков,
колективна актерска анимација за Роберт Копот и Лаурентиј Плеша и за визелен идентитет за Давид Зуазола и Атила Бајко.
Наградите за актерски остварувања им беа доделени на: Аманда Пренкај, за улогата на Фрида Кало, во претставата и на Таноси Сиорис, за извонредните актерски креации во претсавата „Сино“ во изведба на театарот „Хоп Сињор“ од Атина,
Грција. Наградата за најдобра костимографија беше доделена на Дорис Крстиќ, а за сценографија на Игор Васиљев за претставата „Малата Фрида“.

Фестивалот „Игор Маџиров“ се одржа од 15 до 18 октомври на неколку сцени во градот.

Сподели