Македонска премиера на „Совршен број“ на Кшиштоф Зануси

Во Кинотеката на Македонија денеска во 18.30 часот ќе се случи македонската премиера на „Совршен број“ новиот филм на еминентниот полски режисер Кшиштоф Зануси. По проекцијата публиката ќе може да проследи разговор со режисерот кој е специјален гостин на 13. издание на Филозофскиот филмски фестивал. Билетите ќе бидат достапни на билетарницата на Кинотеката, непосредно пред проекцијата.

Сподели