Македонија прв пат ќе учествува на Меѓународна економска олимпијада

Тим од средношколци ќе учествува на петтата Меѓународна економска олимпијада што онлајн ќе се одржи од 26 јули до 1 август. Петчлениот тим беше избран по вториот селекционен натпревар што се одржа на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Тимот го сочинуваат:

1. Давид Ставров, III година, „Алгоритам Центар“ – Скопје
2. Стефанија Кузмановска, II година, ДСУ Математичко – информатичка гимназија – Скопје
3. Рина Толева, III година, СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“ – Скопје
4. Давид Арсовски, III година, СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“ – Скопје
5. Јана Срезовска, IV година, СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“ – Скопје

Водачи на тимот ќе бидат: Анета Гацовска – Барандовска, ПМФ – Скопје и Борче Јошевски, СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“ – Скопје.

Меѓународната економска олимпијада ја организира Универзитетот SKT Educational Group and Xi’an Jiantong-Liverpool.

 

Сподели