„Македонија – крстопат на епохи, цивилизации и култури, историја-археологија-уметност“ е насловот на првата меѓународна научна конференција која денеска во 11 часот ќе почне на Институтот за историја и археологија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.
На конференцијата се пријавени 36 труда со 45 учесници од Македонија, Русија и од Бугарија. Конференцијата ќе биде отворена во свечената сала на Факултетот за образовни науки.





