Македонија доби нов ски центар – „Михајлово“

Ова е исклучително голема можност за кавадарчани, но не и само за кавадарчани туку од сите краеви на државата да дојдат да уживаат во овие прекрасни природни убавини, да се рекреираат и навистина би сакал ова да биде еден почеток само, а понатаму уште повеќе да се развива и самото место и самиот регион, затоа што навистина самата планина и сето ова коешто е околу оваа ски-патека е природна реткост – рече вчера премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на новиот ски центар во Михајлово, Кавадарци.

Тој им се заблагодари на сите што ја поддржаа работата врз ски центарот, на пратениците од македонскиот парламент, членовите на владата, советниците, администрацијата во општина Кавадарци, општествено-одговорните компании, сите буквално кои што придонесуваат со својот ангажман во тоа да Кавадарци како општина навистина претставува едно прекрасно место за живеење.

– Во февруари ќе биде објавен и новиот повик до општините за да аплицираат со нови проекти кои што ќе бидат финансирани од страна на Владата. Така што заеднички кога се работи, успехот е тука – рече Мицкоски.

Сподели