Актерката Маја Вељковиќ-Пановска е нова в.д. директорка на Драмскиот театар во Скопје и доаѓа на местото на Катарина Коцевска која се повлекува од лични причини. Вељковиќ-Пановска дипломирала актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје во 1993 година. Од 1999 година е вработена во Драмски театар Скопје.
Дел од нејзините улоги се: Антонина (Земјомерот, 2000); Јованка Орлеанска (Јованка Орлеанска, 2000); Марија (Војцек, 2001); Маре (Тетовирани души, 2002); Елена (Сон на летната ноќ, 2001); Порција/ Полониј/ Гертруда/ Првата вештерка (Собрани дела Шекспир,2002); Првата пчела (Како се станува цар, 2003); Паднатиот ангел (Марисол, 2004); Мартирио (Домот на Бернарда Алба, 2004); Фроса (Кино љубов, 2007); Јелена (Комшилук наопаку, 2007); Мими (Грев или шприцер, 2011); Емилија (Баал, 2012); Младата сопруга (Вртелешка, 2012); Евридика (Евридика, 2013); Секула (Солунски патрдии, 2013); Елена (Љубовници, 2015); Фонсија Дорси (Партија реми, 2018); Јоана Дорек (Чудесна терапија, 2019); Газдарицата (Птица со главата меѓу нозе, 2021). Во филмографија се забележени улогите на: Последниот фалцер (2000); Големата вода (2004); Бардо (2012); Незрели цреши (2015). Добитничка е на повеќе награди.





