Среќните семејства во францускиот образовен систем се нашиот прозорец кон светот

Јас сум многу оптимист за Француското интернационално  училиште во Скопје, затоа што овде видов една многу добра динамика на функционирање, помеѓу раководството на училиштето, педагошкиот кадар, родителите и децата. Има убав дух. Како семејство – вели Лик Шател (Luc Chatel), поранешен министер за образование на Франција и основач на образовната групација „Одисеја“

Поранешниот министер за образование на Франција, Лик Шател (Luc Chatel) деновиве е во посета на Скопје и на Француското Интернационалното училиште ЕФИС од Скопје. Целта на неговата посета е да ја почувстува атмосферата и напредокот на ова училиште кое повеќе од 20 години е седиште за ширење на француската култура, каде неколку илјадици деца својата љубов кон францускиот јазик и култура токму од овде ја понеле понатаму во животот.

Шател е коосновач на групацијата  „Одисија“ (Odyssey Education), чиишто  член е и ЕФИС. Тој е долги години посветен на образовението. Во периодот меѓу 1998 и 2017 година, имал и неколку владини позиции, освен министер за образование, бил државен секретар за индустрија, владин портпарол, парламентарец, како и градоначалник. Тој е исто така  носител и на титулата Витез од редот на легијата на честа и  носител на академски палми. Неговата посета ја искористивме за да поразговараме за француското образование и неговите придобивки.

Како се роди „Одисеја“?

– Јас сум многу страствен на темата на образованието и наобразбата. Се образував на Универзитетот во Сорбона, бев и наставник и директор. Бев регионален советник на Шампањ-Арден и потпретседател на Регионалниот совет.  „Одисија“ е еден вид сублимат на мојот професионален пат, на мојата посветеност во образованието, со желба да се истакне местото на Франција во светот.

Генерално, како функционира самата групација, која обединува веќе неколку десетици училишта на три континетни – Европа, Африка, Азија?

– Идејата на „Одисеја“ е да имаме еден систем на француски училишта низ цел свет, кои ја имаат сличната жар и валоризација. Ние сме дел од францускиот образовен систем во странство. Функционираме како семејство. Имаме специфичности, еве во Скопје ја имаме националната програма на Франција  која се спроведува на повеќе јазици, т.е  една од нашите одлики е што ние ја промовираме и тријазичноста. Овде во Скопје децата учат и англиски и француски и македонски јазик. Имаме воспоставено односи со англосаксонскиот систем и со семејства коишто доаѓаат од секаде. Тоа е многу важно. Сметаме дека родителите очекуваат децата да добијат една поголема слика за светот. Англосаксонскиот систем привлекува многу семејства денес. Сметаме дека два система паралелно, може да биде само позитивна приказна. Се трудиме да го искористиме најдоброто од секој систем.

Што ја прави „Одисеја“ посебна?

– Родителите пред се’, го сакаат образованието на француски јазик, преку изучувањето на француската култура, начинот на кој децата се учат да размислуваат, да даваат идеи и да ги спремиме за светот. Тоа ги мотивира родителите да ги бараат нашите училишта. Тоа го имаме и во ЕФИС.

Имате ли соработка со други училишта во нашата земја?

– Бев одушевен од средното училиште „Орце Николов“ во Скопје, каде учениците учат во билингвални паралалки, тоа ни е многу важно партнерство. Нешто што посебно ме одушевува е што децата што учеле од мали во ЕФИС, сакаат да продолжат и во оваа гимназија и тоа е многу важно.. Јас сум многу оптимист за Француското интернационално  училиште во Скопје, затоа што овде видов една многу добра динамика на функционирање, помеѓу раководството на училиштето, педагошкиот кадар, родителите и децата. Има убав дух. Како семејство. Сакаме да имаме среќни фамилии во нашиот образовен систем, тоа е нашата мисија, тоа е нашиот прозорец кон светот.

Соработуваат ли училиштата членки на групацијата  „Одисеја едукација“ меѓу себе?

– Се разбира. Нашето седиште е  во Париз  и оттаму се координира јадрото на групацијата. Имаме, исто така и директори по зони, како што е на Балканот. „Одисеја“ ја  имаме во Тирана, Сараево и во Скопје, како и Букурешт. Секако се прават многу соработки на ниво на овие земји. Веруваме дека регионалните соработки се многу важни, затоа што имаме слични типови на училишта, како и позицијата на француската култура во тие земји, односно имаме слични размислувања.

Што го прави француското образование посебно? 

– Ќе ви раскажам една анегдота. Кога бев министер за образование, секоја година ги собирав моите соработници – колеги министри од странство во Париз, каде  што е седиштето на  УНЕСКО. Сите министри ме прашуваа како постигнувате да имате така успешен образовен систем? И сфаќав дека тие мислат на странските француски училишта, како ЕФИС. Тие  училишта се наша мотивација и промоција.

Сподели